Одзивот на референдумот во Полска девет отсто

Од:

Најмногу девет отсто од полските гласачи во сите 40 изборни окрузи гласаа на вчерашниот референдум во земјата, соопшти Државната изборна комисија, додавајќи дека просечната излезност изнесува 7,48 отсто.

Полјаците требаше да се изјаснат дали да бидат внесени промени во избирачкиот систем, финансирањето на политичките партии и даночните правила.

За да биде признат за важечки референдумот, потребно е на него да учествуваат најмалку 50 отсто од регистрираните избирачи во Полска.

Државата изборна комисија денеска попладне треба да ги објави конечните официјални податоци од пребројувањето на гласовите.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата