Одобрена продажба на некои електронски цигари во САД

Од:

Американската Управа за храна и лекови (ФДА), која е задолжена за регулирање на медицински производи во САД, денеска за првпат одобри продажба на електронски цигари во САД.

Според Би-Би-Си, ФДА одобрила рекламирање на три производи на тутунската компанија Пи Џеј Рејнолдс.

Со оваа одлука, ФДА всушност одлучи дека цигарите се поголема корист за возрасните кои се обидуваат да се откажат од пушењето, отколку ризикот тинејџерите да почнат да пушат.

Електронските цигари масовно се продаваа во САД во последната деценија, но загриженост предизвикаа тинејџерите кои почнаа да ги консумираат.

Производителите на електронски цигари чекаат повеќе од една година за официјално одобрување, бидејќи ФДА ги испитуваше потенцијалните придобивки, како и недостатоците за јавното здравје.

Администрацијата за храна и лекови, според Би-Би-Си, добила овластување да регулира нови производи од тутун пред повеќе од една деценија и спроведе студија за е-цигари за да одлучи кои од нив ќе продолжат да се продаваат.

Во студијата која минатиот месец ја објавија ФДА и Центрите за контрола на болести (ЦДЦ) се проценува дека повеќе од два милиони ученици користеле е-цигари оваа година, од кои 80 проценти користеле ароматизирани производи.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД