Одлуката за независност на Каталонија Пуџдемон ја препушта на Парламентот

Од:

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон, денеска изјави дека нема да распише предвремени избори во тој автономен регион.

Тој истакна дека таквата одлука ја препушта на парламентот, односно на парламентарното мнозинство.

Пуџдемон потенцираше дека тој не добил никакви гаранции дека Членот 155 од Уставот нема да биде активиран или дека „репресијата“ би завршила доколку бидат распишани избори.

Претседателот на каталонската Влада изрази жалење поради „навредливиот и неправеден“ обид на Шпанија да го „искорени“ самоуправувањето на областа, дополнувајќи дека тоа нема да биде прифатено.

– Жалиме затоа што одговорност е побарана само од едната страна, додека на другата и е дозволено да се однесува целосно неодговорно, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата