Одлука за Асанж ќе има вo среда

Од:

Врховниот суд на Велика Британија во среда ќе донесе одлука за тоа дали Џулијан Асанж, основачот на сајтот Викиликс, ќе биде испорачан во Шведска.

Таму го чека сослушување по повод обвинувања за силување.

Асанж е во домашен притвор во Британија врз основа на забрана за движење на 540 денови од моментот на донесување судска одлука. Основачот на Викиликс својата жалба ја базираше на тврдењето дека шведскиот обвинител која нареди апсење на Асанж во 2010 година, не бил тогаш надлежен судски орган.

Пресудата во среда ќе стави крај на долгата правна битка која почна со апсење на Асанж во декември 2010 година.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори