Судот во Милано денеска, по пресудата за затајување на данок, на поранешниот премиер Силвио Берлускони, го одложи рочиштето по жалбената постапка, за еден месец.
Рочиштето по барање на полномошниците на Берлускони е одложено, бидејќи тој не може да се појави пред судот поради седницата на раководството на неговата партија.
Според агенцијата „Франс Прес“, следното рочиште поврзано со бизнис империјата на Берлускони „Медиасет“ е закажано за 20-ти април, а конечната пресуда се очекува при крај на месецот.
Поранешниот премиер беше осуден на една година затвор и забрана од пет години да врши јавна функција, но пресудата е суспендирана поради жалбената постапка.
Доколку судот ја потврди првостепената пресуда, Берлускони ќе има мижност да се обратии до Врховниот суд на Италија.
Елена Георгиевска