Одложено судењето на Асанж, адвокат бил изложен на Ковид-19

Од:

Рочиштето за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, закажано за денеска, е одложено поради стравување дека еден од адвокатите вклучени во судењето бил изложен на коронавирусот.

Судијката Ванеса Бараитсер го одложи судењето за в понеделник, откако дозна дека еден од адвокатите што ги застапуваат САД во случајот бил изложен на вирусот. Адвокатот е тестиран, а резултатите се очекуваат во петок.

Во Лондон во понеделникот почна сослушувањето на Асанж, чија екстрадиција ја бараат САД поради наводен заговор, хакирање на владини компјутери и кршење на Законот за шпионажа.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори