Одложено е извлекувањето на нуклеарниот отпад од централата Фукушима

Од:

Операторот на оштетената нуклеарна централа Фукушима денеска соопшти дека се откажал од плановите до март да започне со отстранување на отпадот што содржи стопено нуклеарно гориво од реакторот број 2 поради технички тешкотии.

Според новиот план, „Tokyo Electric Power Company Holdings Inc“. ќе го продолжи процесот на вадење нуклеарен отпад од „Фукушима Даичи“, чии реактори беа сериозно оштетени во земјотресот и цунамито во 2011 година, до октомври оваа година, пренесува Кјодо.

Според ревидираниот план, ќе се користи нов метод за извлекување на нуклеарниот отпад, кој вклучува употреба на телескопска цевка наместо роботска рака, во очекување на одобрение од Агенцијата за нуклеарна регулација.

Би можело да ве интересира

Јапонија: Силен земјотрес ја погоди префектурата Фукушима

Јапонија: Нема промена во нивото на радијација по земјотресот во Фукушима

Силен земјотрес ја погоди Фукушима

Шест лица го тужат операторот на нуклеарната централа Фукушима поради рак на тироидната жлезда

Ана Ололовска

Јапонија одлучи да испушти во морето милион тони контаминирана вода од Фукушима

Ана Ололовска

Десет години од нуклеарната катастрофа во Фукушима

Ана Ололовска