Одговорот на Москва: Ќе стреламе со проектили за било каква закана

Од:

Москва планира да ги суспендира сите воени операции со Анкара откако беше соборен рускиот бомбардер од страна на турската војска, беше соопштено од генералштабот на руските оружени сили.

Руските власти ги објавија чекорите кои ќе ги преземат-истакнаа дека сите операции ќе бидат водени во придружба на ловци, а воздушната одбрана ќе биде зајакната со крстаречки ракети кои ќе можат да уништат било каква закана за руските авиони. Воената соработка со Турција ќе биде прекината.

Рускиот брод “Москва“ на кој се наоѓаат противоздушни одбранбени системи слични на С-300 веќе тргна кон подрачјето на Латакија во Сирија, известуваат руските медиуми.

Сергеј Рудској, висок претставник на руските оружени сили го осуди нападот на рускиот авион и го нарече “грубо кршење на меѓународното право“ додавајќи дека соборувањето се случило на 4 километри од границата со Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он

Пожар во притвор во Русија: Има мртви

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Ракетен напад врз Киев, најмалку две лица повредени, пожари на повеќе локации

(ВИДЕО) Русија: Украина нападна фабрика во Ростовска област со проектили „Атакамс“ и „Сторм шедоу“

Горан Наумовски