Одгледувањето афион во Авганистан на ново рекордно ниво

Од:

Одгледувањето афион во Авганистан во 2013 година го достигнало највисокото регистрирано ниво, а тоа се случува и покрај долгогодишните напори за борба со наркотиците, кои САД ги чинеа 7,6 милијарди долари, соопшти американската Агенција за контрола на трошоците за обнова на Авганистан.

Службата на ОН за контрола на наркотиците и спречување на криминалот соопшти дека авганистанските фармери во 2013 година ги засеале „досега невидените“ 209.000 хектари со афион, надминувајќи го на овој начин претходниот рекорд од 2007 година од 193.000 хектари, изјави Џон Сопко, специјален генерален инспектор за обновата на Авганистан.

– Во претходните години зголемните површини со афион се соочуваа со координиран одговор од страна на американската Влада и коалициските партнери, што водеше до привремено намалување на количествата произведен афион, посочи Сопко, во писмо до државниот секретар на САД Џон Кери, министерот за одбрана Чак Хејгл и други високи американски претставници.

Според негово мислење, во последно време прикажаното рекордно ниво на одгледување афион под прашање ја доведува долгорочната ефикасност и оддржливост на мерките преземени во минатото.

Авганистан произведува над 80 проценти од незаконскиот опиум во светот, а приходите од нелегалната трговија помагаат во финансирањето на талибанските бунтовници.

Според американски владини извори, производството на опиум предизвикува корупција и нестабилност, го поткопува доброто владеење и ги урива лостовите на легалната економија.

Според Службата на ОН за контрола на наркотиците, одгледаниот афион и опиумски производи во Авганистан во 2013 година се во вредност од околу три милијарди долари, што е 50-процентно зголемување во споредба со двете милијарди долари за 2012 година.

Според мислење на службата, со оглед на влошената безбедноста ситуација во многу региони на Авганистан и нискиот степен на уништување на насадите со афион можно е уште во текот на годинава ова ниво да се зголеми.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски