„Одбраната на Израел е поважна од човековите права“

Од:

Шефицата на организацијата Амнести интернешенел во Германија, Селмин Калискан, жестоко го критикуваше недостатокот на транспарентност кога станува збор за извозот на оружје во Германија.

Во интервју за весникот Зидојче цајтунг изјави дека продажбата на оружје во Германија ја контролира “Мал таен клуб” и дека истиот не треба сам да одлучува за тоа, која земја ќе добива германски тенкови и друго оружје. Изјавата доаѓа по информациите дека Германија извезува големи количества на оружје во монархиите во Персискиот Залив.

Калискан упати покана на германскиот парламент да се додаде клаузула за човековите права при извозот на оружје и истакна дека германската влада, мора подобро да го контролира извозот на оружје. Да потсетиме, многу организации ја критикуваа Германија поради големиот пораст на извозот на оружје во арапските земји, како Саудиска Арабија – монархија, во која се забележани бројни кршења на човековите права.

Според извештајот, кој е објавен во Зидојче Цајтунг на 22 Февруари, Германија во 2012 година извезла 1,42 милијарди евра оружје во арапските земји од персискиот Залив. Саудиска Арабија е најголемиот купувач, но оружје исто така се извезува и во Бахреин, Кувајт, Оман, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Интересен е минатонеделниот коментар на германскиот министер за одбрана Томас де Мајцер, кој изјави дека продажбата на оружје на арапските земји во Заливот има за цел да го заштити Израел. Понатаму, Де Мајцер истакна дека “одбраната на Израел од страна на Иран е поважна од состојбата на човековите права во Саудиска Арабија”, пренесува германскиот весник Стерн.

Претседателот на Христијанската Социјална Унија (ЦСУ), Волкер Каудер, претходно, исто така, го бранеше германскиот извоз на оружје за Саудиска Арабија. За германскиот весник Фокус истакна: “Иако не постои слобода на религијата во Саудиска Арабија и во земјата има анти-семитски тенденции, оваа арапска земја има важна улога во регионот како противтежа на Иран”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан