Одбиено барањето за укинување на статутот на Исламот како државна религија во Бангладеш

Од:

Врховниот суд во Бангладеш денеска ја одби петицијата на група секулани активисти за укинување на статутот на Исламот како државна религија во земјата.

Одлуката е донесена по многу куса консултација меѓу тројцата членови на Судскиот совет, кои при тоа не им дозволиле на претставниците на иницијаторите да го образложат својот предлог.

Ваквата одлука следи по серијата протести на повеќе тврдокорни исламиски групи ширум Бангалдеш, кои бараа отфрлање на иницијативата на секуларните активисти.

– Тажни сме. Ова е тажен ден за малцинствата во Бангладеш. Судот не им дозволи на предлагачите на петцијата да ја образложат иницијативата или да изнесат какви било аргументи, изјави адвокатот Субрата Човдури, застапник на секуларните активисти.

По стекнувањето на независноста од Пакистан во 1971 година, Бангладеш е прогласен за секуларна држава, но кон средината на 80-те години на минатиот век тогашната воена хунта предводена од генералот Хусаин Мухамад Ершад го воведе Исламот како „државна религија“ во земјата, како дел од мерките за зацврстување на својата власт.

Бангладешките секуларисти со децении тврдат дека прогласувањето на Исламот за државна религија е во спротивност со Уставот на земјата и дека со тоа се дискриминираат припадниците на другите религии.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници