Одбиена жалбата на Асанж, ќе му се суди за сексуален напад

Од:

Тројца судии на Врховниот суд во Лондон ја одбија жалбата на Џулијан Асанж и сега тој треба да биде екстрадиран во Шведска каде што ќе му се суди за сексуален напад и силување. Ова обвинение е поднесено за случај од август, 2010-та година.

„Ако одлучите да ја одбиете жалбата, предметот е затворен. Да ве потсетам, шведската влада ќе му суди на 40-годишниот Асанж за силување на двајца волонтери“, рече неговата адвокатка уште минатата година.

Австралијанецот Асанж беше уапсен откако неговата организација „Викиликс“ на својата веб-страница објави илјадници доверливи американски документи, посебно за војната во Ирак и Авганистан.

Тој вели дека е задоволен од пресудата и дека сите обвинувања против него имаат политичка позадина.

 

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска