Околу 500 исламисти се собраа денеска во северозападниот дел на Пакистан за да ја одбележат две годишнината од убиството на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен и да му оддадат почит.
Исламистите се собраа во градот Квета, носејќи портрети на Бин Ладен и скандирајќи слогани за поддршка на талибанскиот лидер Мола Омар.
Пред насобраните се обратија локални талибански лидери, кои нагласија дека смртта на Бин Ладен го поттикна џихадот против непријателите сили на исламот.
Бин Ладен беше ликвидиран за време на специјална операција на американски командоси во градот Аботабад во 2011 година.