Од земјите-членки на ЕУ, Велика Британија најпривлечна за имигрантите

Од:

Од сите земји-членки на Европската унија, Велика Британија најмногу ги привлекува имигрантите, а потоа следат Шпанија, Италија и Германија, покажуваат најновите податоци на агенцијата за статистика на Европската комисија „Евростат“.

Во 2010 година во Велика Британија се доселиле 591.000 луѓе што е двојно повеќе во однос на Франција, која примила 251.000 лица.

На второ место е Шпанија, каде се доселиле 465.200 луѓе, потоа Италија со 458.900 и Германија со 404.100 доселеници. Во овие четири земји вкупно се доселиле речиси две третини од сите имигранти кои влегле во земјите-членки на Унијата.

Велика Британија е на врвот и по бројот на луѓе кои во 2010 година добиле државјанство – дури 24 осто од вкупниот број на луѓе кои станале државјани на некоја од земјите-членки на ЕУ, а потоа следи Фрнација.

Во ЕУ во 2010 говина имигрирале вкупно 3,1 милиони луѓе, а најмалку два милиони имигранти заминале од Унијата.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он