Од воени бази во Англија украдена опрема во вредност од 280.000 фунти

Од:

Од воени бази и касарни во западниот дел на Англија во последните две години е украдена разна опрема во вреднист од над 280.000 фунти, соопштено денеска претставник на британското Министерство за одбрана.

Меѓу украдената опрема има голем број бакарни цевки, опрема за нуркање, двогледи за ноќно набљудување, опрема за сечење дрва, но и четири воени џипови „Ланд Ровер“.

Претставникот на Министерството изјави дека „засилено се рабти за откривање на крадците и за нивно казнување“.

Претставник на касарната во Тјуксбери, каде како исчезната се смета опрема во вредност од преку 15.000и фунти, оцени дека појавата на крадење од воените бази е „шокирачка и вознемирувачка“.

– Она што ме шокира е големината на проблемот со кој се соочува армијата, изјави тој.

Само во реонот на западна Англија „исчезнување“ на воена опрема е регистрирано во дури 15 воени бази и касарни.

Во периодот меѓу јануари 2011 и крајот на минатата година, војската регистрирала 97 инциденти на кражби и „исчезнување“ на опрема.

Засега никој не е обвинет или осуден за сторениот криминал.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство