Од Велика Британија во САД само со негативен ковид тест

Од:

Од понеделник, американските власти ќе бараат сите патници кои пристигнуваат од Велика Британија да покажат негативен тест за Ковид-19, направен не повеќе од 72 часа пред нивното заминување, поради загриженост за новиот вид коронавирус што се појави во земјата.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД доцна синоќа во соопштението нагласи дека сите патници на патнички летови од Велика Британија мораат да имаат негативен тест.

Одлуката е радикален пресврт откако администрацијата на претседателот Трамп ги информираше американските авиокомпании во вторникот дека не планира да бара тестови за патниците кои пристигнуваат од Велика Британија.

Новото барање ќе важи за сите патници, вклучително и американски граѓани.

Би можело да ве интересира

САД: Новите вакцини подобро штитат од корона

Подваријантите на омикрон се шират низ Велика Британија

Врховниот суд на САД ќе ги разгледа обврските за вакцинација наметнати од Бајден

Суспендирана одлуката на Бајден за задолжително вакцинирање

Катерина Ѓуровски

Загрижувачко зголемување на дневните случаи на Ковид-19 во САД

Предраг Петровиќ

Фаучи: Се движиме во погрешна насока, Ковид-19 ги напаѓа невакцинираните