Светската банка обезбеди помош од 160 милиони долари за поддршка на економијата на Сиера Леоне која е погодена поради епидемијата на ебола.
Одлуката беше донесена по средбата на претседателот на СБ Џим Јон Ким со претседателот на Сиера Леоне Ернест Бај Корома што се одржа во главниот град на Сиера Леоне, Фритаун.
Средствата ќе бидат наменети за земјоделието кое е најпогоена стопанска гранка и за отворање работни места во Сиера Леоне.