Од Средоземното море викендов спасени 1.500 мигранти

Од:

Околу 1.500 мигранти се спасени за време на викендот покрај либиската обала, што е доста висок број за зимскиот период.

Оваа информација ја објави италијанската поморска стража која што ги координира операциите на тоа подрачје. Со ова вкупниот број на спасени мигранти од средата до денес се искачи на 4.500 луѓе.

Деветстотини мигранти кои се наоѓале на три чамци се спасени во средишниот дел на Средоземното море, а се спасени од страна на шпанската морнарица Канариас. Претходно се спасени околу 600 мигранти во девет операции.

Челниците на Европската Унија кои се состанаа на неформален самит во Малта во петокот се согласиле дека мора да се помогне на Либија во борбата за зачувување на мигрантите да го преминуваат морето.

ЕУ ветила дека ќе се ангажира кон стабилизација на Либија и помош за либиската Влада да ја преземе контролата над својата територија и копнените и морските граници, како би можела да се бори против криумчарењето на луѓе. Италија со поддршка на ЕУ се обврза дека ќе ги финансира бегалските кампови во таа земја.

Повеќе меѓународни организации и невладини организации го дигнаа гласот против договорените мерки. Од почетокот на годината до италијанскиот брег стигнале околу 8.500 мигранти.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски