Од посетата на Меркел на Киев, Зеленски очекува гаранции за Украина

Од:

Украинскиот претседател Владимир Зеленски од посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Киев очекува гаранции за неговата земја, рече тој во интервју за медиумската група Функе.

– Тоа би било можно ветување од страна на Русија за транзит низ територијата на Украина на минимални количини гас. Зеленски изрази надеж дека додека пристигне во Киев на 22 август, Меркел ќе може да постигне договор за ова прашање со рускиот претседател Владимир Путин.

Шефот на украинската држава ги опиша своите односи со германската канцеларка како прагматични.

– Повеќе ме интересираат резултатите што можат да се постигнат, дури и во ограничени количини. Не очекувам канцеларката да пристигне во Киев со подароци, рече Зеленски.

Како што ипотсетува Дојче веле, договорот за транзит на гас преку Украина и носи на земјата годишни приходи од околу две милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски