Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Од:

Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 е намален за 95 отсто од почетокот на годината, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека вирусот не исчезнал.

Според СЗО, вирусот нема да исчезне наскоро и земјите ширум светот мора да научат како да управуваат со неговите последици надвор од итни ситуации, како што се последиците што ги чувствуваат луѓето заразени со таканаречениот долг ковид.

Тедрос Аданом Гебрејесус, директор на СЗО, додаде дека една од десет инфекции има долготрајни симптоми на ковид, што значи дека на стотици милиони луѓе би можело да им треба долгорочен третман.

Сепак, „оптимизмот го црпиме од континуираниот пад на бројот на пријавени смртни случаи поврзани со Ковид, кои се намалени за 95 проценти од почетокот на оваа година“, истакна тој на прес-конференцијата.

„Но, во неколку земји вирусот повторно се шири и во последните четири недели починаа 14.000 луѓе“, рече тој.

Според него, како што покажува појавата на сојот XBB.1.16, „вирусот продолжува да мутира и сè уште е способен да предизвика нов бран на инфекција и смрт“.

Марија Ван Керхове, која е задолжена за борбата против Ковид во СЗО, рече дека сојот XBB и неговите подваријанти сега се распространети ширум светот.

Шефот на СЗО повторно нагласи дека неговата организација не губи надеж дека ќе прогласи крај на вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19. Следниот квартален состанок на СЗО на оваа тема треба да се одржи во мај.

Би можело да ве интересира

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот