Од Меркел се бара план за справување со расизмот кон бегалците

Од:

Претставници на неколку германски политички партии бараат од канцеларката Ангела Меркел да преземе мерки за справување со се поприсутните акти на расизам кон бегалците.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, реакцијата на партиите ја предизвика бројните инциденти во кои беа нападнати бегалци или нивни сместувалишта.

Партијата Левица од Меркел бара да каже како нејзината Влада планира да се справи со расизмот и да ги заштити бегалците.

Исто како и лидерот на Левицата, Дитмар Барч и неговиот колега од партијата Зелени, Џем Издемир бара јасен план од Владата против растечката ксенофобија и расизмот.

Тензиите пораснаа по двата инциденти во покраината Саксонија каде што полицијата беше критикувана за прекумерна употреба на сила против демонстрантите кои бараа бегалците да се вратат дома, а едно сместувалиште за бегалци беше запалено.

Полицијата во Германија и особено во Саксонија, каде се случија стотици напади врз бегалци од вкупно над 800 во последнва година, ја потценува опасноста од екстремната десница, изјави еден од лидерите на Зелените, Симоне Петер за регионалните медиуми во Саксонија.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски