Гласот на Русија – Москва
САД се обидуваат да ја вовлечат Европа во студена војна со Русија, смета премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Според Орбан, Будимпешта не е должна да учествува во ова, бидејќи тоа може лошо да заврши за земјата.
Навистина, мешањето во работите на други држави, пред се е прерогатив за САД. Само Вашингтон може да си дозволи да диктира услови на сите и малите европски држави не се исклучок од тоа. Унгарија ризикува да премине од „другарскиот табор“ во „таборот на пријатели“ на Белата куќа. Вината за тоа лежи на премиерот, кој на запрепастување на Вашингтон има свое мислење, а американскиот сон го оцени како стремеж кон хегемонија.
Ова не е прв ваков настап на Виктор Орбан, кој не им се допадна на надворешнополитичките партнери на Унгарија. Ваквиот говор предизвика реакции и меѓу неговите унгарски пратеници. Тогаш премиерот предложи на Унгарците кои живеат во други држави да им се овозможи двојно државјанство, мислејќи при тоа и на Унгарците кои живеат во Украина. Во Киев, секако, ова не предизвика позитивни реакции, па Будимпешта побрза со изјавата дека премиерот не мислел ништо лошо.
Сепак, по овој повод реагираше полскиот колега на Орбан, Доналд Туск, кој практично изреагира во истиот миг и изрази солидарност со Киев, обвинувајќи го својот унгарски колега за тоа што неговите зборови биле изговорени на погрешно место и во погрешно време.
Ставот на Орбан не ги остави рамнодушни ни САД. Сенаторот Џон Мекејн го нарече неофашистички диктатор. Унгарскиот премиер ова премногу урамнотежено однесување кон Русија, го чинеше политички, бидејќи против некои функционери, под плаштот на борбата против корупцијата, Вашингтон воведе санкции и им забрани влез на територијата на САД.
Но, Виктор Орбан, се чини живее според принципот Вашингтон ми е пријател, но вистината ми е помила и продолжува да зборува за важноста на „Јужен поток“ и ја критикува политиката на европските и американските партнери.
Се добива впечаток дека престижното пријателство со САД стана многу тешко за Европејците, па ним им се потешко да молчат. Затоа повремено можат да се слушнат и јасно изразени сомнежи за избраниот курс. И веднаш стигна наплата или во вид на санкции или во вид на јавно прозивање. Но, во последно време, речиси стана чест некој да се најде на тој список, бидејќи делува дека тоа сега е показател на здравиот разум и независното мислење.