Авион со 250 француски и други европски државјани, кои се евакуирани од кинескиот град Вухан, слета денеска во воената база во Истр, во јужниот дел на Франција.
„Околу 65 француски граѓани ќе бидат сместени во карантин или во летувалиштето Кери-ле-Руе, како и во пожарникарскиот тренинг центар во близина на Ео-Ен-Провенс“, изјави државниот секретар за детска заштита, Адриен Таке.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан истакна дека со авионот се превезени државјани на 30 земји, а оние кои не се од Франција веќе си заминале во своите држави.