Од карантин во Шпанија избегале 59 мигранти

Од:

Група од 59 мигранти избегале од спортска сала во Шпанија, каде биле задржани во карантин, бидејќи било утврдено дека биле во контакт со лица заразени со коронавирусот, јавија денеска шпанските медиуми.

Властите во југоисточниот шпански регион Мурсија соопштија дека на мигрантите им бил одреден карантин од 14 дена во спортска сала во близина на градот Картагена, пишува „Ла Вердад“.

Полицијата досега успеала да пронајде и да врати во карантин 15 избегани мигранти.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја