Од епидемија на морбили во Конго починаа 315 лица, заразени најмалку 20.000

Од:

Од последици на морбили во конгоанската покраина Катанга смртно настрадаа 315 лица, а со вирусот се заразени најмалку 20.000, соопштија денеска ОН.

Се стравува дека бројот на починати е поголем, но за тоа нема документирани докази поради тешкиот пристап на лекари во оддалечените реони, извести Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните акции.

– Епидемијата на морбили во покраината Катанга се влошува и се шири, стои во соопштението на ОН и се додава дека за вакцинирање и лекување на заразените ќе бидат потребни повеќе од 2,4 милиони долари.

Во епидемијата во 2010 и 2011 смртно настрадаа 1.085 лица, а заразени беа 77.000.

Смртноста од последиците од заразата со мирусот морнили во развиените земји е ниска, но во сиромашните и земјите во развој може да се зголеми на 20 отсто, информираат Лекари без граници. Во развиените земји, вакцинирањето на детето против морбили чини околу еден долар.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска