Од денеска засилена контрола на границите на Шенген зоната

Од:

На надворешните граници на Шенген зоната од денеска започнуваат систематски проверки за сите патници, поради усвоените амандмани на Законот за шенгенските граници, според кои, земјите членки на Шенген се обврзани на построга контрола.

Во досегашната пракса доволно беше граничарите само да ја извршат основната контрола, односно рутинска проверка на патните документи на граѓаните на ЕУ.

Отсега, тие документи ќе се проверуваат и во Шенгенскиот систем за информација (СИС), базата на Интерпол за украдени и изгубени патни документи, како и во државните бази.

Овие систематски проверки се воведени со цел – спречување какви било закани за безбедноста и јавниот ред во државите членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нехамер: Нема да ставиме вето на влезот на Хрватска во Шенген

„Дневни аваз“: Мини шенген ќе ги унапреди економските односи во регионот

А1он

Најголемиот дел од земјите на ЕУ ги отворија внатрешните граници на шенген-зоната

Ана Ололовска

ЕК ќе објави препораки за укинување на граничните рестрикции во ЕУ и Шенген

А1он

Аселборн: Ако падне Шенген, паѓа и ЕУ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Словачка и Словенија и помагаат на Северна Македонија да ги воведе Шенген стандардите

Ана Ололовска