Од 2015 година во автомобилите во ЕУ ќе се вградува e-call систем

Од:

Европската комисија соопшти дека по две години во ЕУ ќе биде воведен автоматски систем за итни повици при сообраќајки.

Вградувањето на системот во автомобилите ќе биде задолжително од октомври 2015 година со цел да се намалат последиците од тешки сообраќајни несреќи. Автомобилите опремени со системо е-call ќе се поврзат автоматски со служби за итна медицинска помош во случај на тешка сообраќајка.

Системот автоматски ќе го повикува бројот 112, европски број за итна помош и ќе укажува на местото на сообраќајната несреќа дури и ако возачот е во бесознание или не е во состојба да се јави по телефон.

Со тој систем е можно да се спасат живот на оклу 2.500 луѓе годишно. Мерката е за сите нови модели на патнички автомобили и мали товарни возила. Системот е можно да се користи и за следење украдени возила.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он