Нов, построг режим на влез во Австрија ќе стапи во сила од 10 февруари, што првенствено има за цел да спречи „увоз“ на новите мутации на коронавирусот.
Главната новина на уредбата, објавена од австриското Министерство за здравство, е задолжителниот негативен тест при влез во земјата.
Така, во иднина, покрај сегашниот задолжителен десетдневен карантин, сите оние кои влегуваат во Австрија од земјите со висок ризик, ќе мора да имаат негативен антигенски или PCR- тест не постар од 72 часа.
Алтернатива е тестирањето да се изврши во Австрија во рок од 24 часа по влегувањето во државата. Но, и покрај негативен тест лицето кое ќе влезе во Австрија од ризични региони и држави мора во 10-дневен карантин.