„Обзервер“: Од британското МО подготвуваат клучни министерства за Брегзит без зделка

Од:

Над десет воени планери се испратени од британското Министерство за одбрана во клучни министерства во врска со подготовките на државата за напуштање на Европската унија, објави Обзервер.

Шест воени планери се во владиниот секретаријат, четворица во пограничната служба на државата, тројца во МВР и еден во Министерството за транспорт, наведува весникот.

Извори нагласуваат дека некои министерства побарале помош со планирањето сценарио според кое Велика Британија ја напушта ЕУ без договор.

Министерството за транспорт веќе испробува користење аеродром што не е во функција како паркинг за камиони што би се користел во случај на хаос по границите. Во декември тоа министерство потпиша договор од 108 милиони фунти за дополнителни преминувања со фериботи за превози со товар.

Би можело да ве интересира

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти