Обвинувања од Техеран: Западот се обидува да го дестабилизира Иран преку „мека војна“ и етнички поделби

Од:

Заменик-началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили за координација, Хабиболах Сајари, денес изјави дека „непријателот“, кој ја изгубил својата доминација и нелегитимни интереси и претрпел тежок пораз, се стреми да ги врати и редефинира своите нелегитимни интереси во регионот.

Сајари рече дека победата на Исламската револуција во Иран пред 47 години довела до промена на „глобалната равенка“ бидејќи ги уништила „хегемонијата и нелегитимните интереси на глобалната ароганција“ во Иран и регионот на Западна Азија, објави Иран Прес ТВ.

Според Сајари, „непријателот“ смислува разни планови, вклучувајќи терористички акти и напори за создавање етнички и религиозни поделби, како и немири, нагласувајќи дека овие планови се неутрализирани благодарение на непоколебливоста и храброста на иранската нација.

Сајари, исто така, рече дека „непријателот“ во моментов дејствува преку когнитивно и меко војување, поради што е важно, нагласува тој, да се зголеми будноста и свеста, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Гарибабади: Нема да чекаме САД први да нападнат