Главната шведска обвинителка Ингрид Исгрен пристигна во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде заедно со еквадорски обвинител ќе го сослушаат основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж поради наводните силувања во Шведска.
Сослушувањето на Асанж би можело да го прекине неговиот четири годишен престој во еквадорската амбасада, од која побарал азил.
Две жени во Шведска го обвинуваат Асанж дека ги силувал, но тој ги отфрла таквите тврдења.