Обвинет шефот на рускта филијала на Сосиете Женерал поради мито

Од:

Руските иследници поднесоа денеска тужба против извршниот директор на руската филијала на банката Сосиете Женерал поради барање мито од 1,5 милиони долари од еден бизнисмен.

Полицијата го уапси извршиот директор Владимир Голубков под обвинение дека од еден бизнисмен барал мито од 1,5 милиони долари во замена за продолжување на рокот на отплата на заемот и потпишување на уште еден заем по поволни услови.

Парите требале да бидат предадени преку потпретседателката на Росбанка, Тамара Пољаничина.

Бизнисменот за тоа ја информирал полицијата, која ја организирала замката. Рускиот истражен комитет соопшти дека поднел обвиненија против Голубков и Пољаничина.

– Голубков и Пољаничина се уапсени додека го примале последниот дел од исплатата од пет милиони рубљи (159 илјади долари), соопштија иследниците.

Максималната казна за ова дело е седум години затвор и голема парична казна.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца

Украина: Руските трупи извршија 15 воздушни напади во Курск

Песков: Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он