Обвинение за измама против поранешниот чешки премиер Бабиш

Од:

Чешките обвинители подигнуваат обвинение за измама против поранешниот премиер Андреј Бабиш по долгогодишна истрага, соопштија официјални лица во Прага во понеделникот.

Бизнисменот и милијардер е обвинет за несоодветно аплицирање за ЕУ субвенции и штета на финансиските интереси на ЕУ.

Бабиш се товари дека добил околу два милиони евра помош од ЕУ за неговите компании за изградба на спа и ресорт во 2008 година.

Парите биле наменети за поддршка на мали и средни бизниси, додека Бабиш води голем конгломерат од околу 200 компании во областа на земјоделството, производството на храна и хемикалии. Заедно со Бабиш, обвинет е и поранешен вработен за поттикнување на злоупотреба.

Бабиш (67) ги негираше обвиненијата.

Тој е основач на популистичката партија АНО, која загуби на минатогодишните парламентарни избори, иако се шпекулира дека Бабиш би можел да се кандидира за претседателската функција кога ќе заврши актуелниот мандат на Милош Земан во март 2023 година. Чешкиот претседател има имунитет од кривично гонење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница