ОБСЕ: Во конфликтот во Украина досега загинале над 4.000 лица

Од:

Од почетокот на конфликтот во источниот дел на Украина досега загинале над 4.000 лица, а десетици илјади се повредени, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Хајди Таљавини.

– Загинале повеќе од 4.000 луѓе, десетици илјади се повредени, а стотици илјади биле принудени да го напуштат регионот, истакна Таљавини на седницата на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

Според неа, шансите за решавање на конфликтот се уште се нејасни.

– Кризата и понатаму е опасна не само поради стабилноста во реонот. Доколку не пристапиме сериозно кон неа, таа може да ја загрози и Европа, предупреди Таљавини.

Примирјето кое беше прогласено во источниот дел на Украина не го прекина насилството. Според ОН, од почетокот на примирјето се убиени вкупно 957 лица.

Таљавини повика за целосен политички дијалог за наоѓање решение, кој може да се води на официјално ниво, но и на округла маса со повеќе учесници кои ќе ги претставуваат дадените области.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ