ОБСЕ со критика за претседателските избори во Азербејџан

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ги критикуваше претседателските избори одржани во Азербејџан на 9. октомври, наведувајќи голем број проблеми како што се ограничување на слободата на изразување, собирање и здружување што не овозможило еднакви услови за претседателските кандидати.

ОБСЕ во соопштението наведува дека изборната кампања минала со заплашување кандидати и гласачи, како и во рестриктивно медиусмко опкружување. Во извештајот, меѓу другото, се наведува дека се регистрирани голем број проблеми и на денот на гласањето, како и дека Азербејџан не ги исполнил во целост гаранциите дадени пред ОБСЕ за одржување на фер и демократски избори.

– Многу сум задоволен од добрата организација на изборите и големиот број кандидати, како и мирната атмосфера на денот на изборите, изјави Мишел Воазан, специјалниот координатор што раководи со набљудувачката мисија на ОБСЕ на изборите во Азербејџан, додавајќи дека постоеле нерегуларности при пребројувањето на гласовите.

Изборната комисија во средата објави дека Алиев освоил 85 отсто од гласовите, а неговиот најблизок ривал Џамил Хасанли шест проценти.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски