ОБСЕ предупреди на хуманитарна катастрофа во Источна Украина

Од:

Претседателот на Постојаниот совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Томас Гремингер предупреди на опасност од хуманитарна катастрофа во Источна Украина и закана кризата да прерасне во „замрзнат конфликт“.

Гремингер во интервју за виенскиот неделник „Профил“ изјави дека состојбата во тој дел од Украина е драматична.

– Има недостиг на лекови и медицински персонал. Греењето и снабдувањето со електрична енергија не е гарантирано, а домовите се делумно оштетени од борбите, изјави Гремингер, кој до крајот на годината претседава со извршното тело на ОБСЕ.

Според него очигледно е дека муниција и други воени материјали се доставуваат во Источна Украина, бидејќи на друг начин сепаратистите не би можеле да водат повеќемесечни жестоки артилериски борби.

Русија, од друга страна, тврди дека сепаратистите муницијата и оружјето ги имаат запленето од украинската армија во Источна Украина.

Гремингер во однос на кршење на човековите права нагласи дека постои сомнеж дека тоа се врши на двете страни. Според него, моменталната состојба покажува реална опасност конфилктот да прерасен во „замрзнат конфликт“.

Би можело да ве интересира

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски