ОБСЕ подготвена да предложи испраќање набљудувачи на руско-украинската граница

Од:

Швајцарскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач на ОБСЕ, Дидие Буркхалтер изрази подготвеност да ги повика земјите-членки на Организацијата да ги усогласат ставовите за испраќање набљудувачи на руските пунктови на границата со Украина, соопшти синоќа ОБСЕ.

Претходно, Буркхалтер имал телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Павел Климкин. Во разговорите со двајцата министри Буркхалтер зборувал за предлогот на Русија за испраќање набљудувачи на два руски гранични пункта.

ОБСЕ, исто така, информира дека организацијата го разгледува барањето на Украина за продолжување на набљудувачката мисија за уште половина година.

– По добиеното формално барање од украинската Влада, претставниците на ОБСЕ моментно има консултации за продолжување на мандатот на набљудувачката мисија за уште ест месеци по 20 септември 2014 година, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул