ОБСЕ подготвен да ја следи законитоста за надминување на последиците од превратот во Турција

Од:

 Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е подготвена да го следи почитувањето на законите за надминување на последиците од обиот за преврат во Турција, изјави денеска на прес-конференција во Хамбург генералниот секретар на организацијата, Ламберто Џаниер, пренесе ТАСС. 

– Ние сме подготвени да дадеме поголем придонес за да го гарантираме почитувањето на клучните принципи и задачи  во овој период, изјави Џаниер.

„Ние изразивме солидарност со турската Влада по обидот за преврат, но сакаме овој сложен процес да продолжи во согласност со законодавството и меѓународните ангажмани“, додаде тој.

Тој потврди дека „на маса останува“ предлогот за мониторинг на судските процеси против учесниците во пучот, што им беше упатен на турските власти

Според Џаниер, ОБСЕ и пред ова повеќе пати посветуваше внимание на тоа што се случува во оваа земја по обидот за државен преврат.

Би можело да ве интересира

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски