ОБСЕ: Луганск е без струја и вода

Од:

Луганск остана без снабдување со елекстрична енергија и вода, а градот е под закана од хуманитарна катастрофа, соопштија учесниците во специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ.

Набљудувачите на ОБСЕ го посетиле овој источен украински град и лично се увериле во тоа. Од бомбите е уништен водоводот во градот, а жителите се снабдуваат со вода за пиење од цистерни.

Мисијата констатирала и дека во градот работи само една болница. Продавниците и супер маркетите се затворени, а некои работници продаваат производи по многу поскапи цени, се наведува во извештајот на организацијата.

Според податоците на украинското Министерство за вонредни ситуации, во градот, каде до почетокот на конфликтот меѓу украинските и проруските сили живееле околу 430.000 жители, моментно таму останале околу 250.000 луѓе.

Набљудувачите на ОБСЕ тврдат дека не забележале присуство на воена техника во центарот на Луганск.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ