ОБСЕ ја осуди употребата на тешко оружје во цивилни области

Од:

Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) синоќа одржа вонредна седница посветена на ескалацијата на ситуацијата во Источна Украина, особено на судирите во цивилни делови на Мариупољ.

Србија, како претседавач на ОБСЕ, ја осуди употребата на тешко оружје во цивилни области и повика на итен прекин на непријателствата на терен. Белград, исто така, повторно изрази силна поддршка за работата на Трилатералната контакт група и специјалната надзорна мисија на ОБСЕ во Украина, пренесува Танјуг.

На вонредната седница на Постојаниот совет на ОБСЕ беше изразено сочувство на семејствата на загинатите и повредените.

Украина борби

Шефот на специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, амбасадорот Артугрул Апакан, заедно со специјалниот претставник на претседавачот на ОБСЕ амбасадорката Хајди Талјавин, ги информира земјите членки за состојбата на терен.

Во соопштението, двајцата изразуваат длабока загриженост поради зголемувањето на насилствата во регионот на Доњецк и Луганск, како и ширењето на нестабилноста во други градови.

Би можело да ве интересира

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски