ОБСЕ: Авторитарните трендови стануваат новото нормално

Од:

Претседавачот со ОБСЕ, Игнасио Санчез Амор по повод Меѓународниот ден на човекови права изјави дека најголемите предизвици со човековите права со кои се соочува светот може да бидат олеснети доколку се обезбеди верно спроведување на меѓународните обврски.

Според него врз основа на условјување на Универзалната декларација за човековите права пред 69 години, државите треба да се потсетат на обврските на кои се согласиле кога ја прифатиле.

– Не успеваме да ги исполниме нашите обврски, со либералните држави и со авторитарните трендови кои стануваат „новото нормално“. Не можеме да го прифатиме ова како регуларен дел од меѓународната политичка слика, така што, на денешен ден, Меѓународниот ден на човековите права, би требало да ги анализираме нашите меѓународни обврски и да донесеме одлука верно да ги спроведуваме, движејќи се напред, истакна Санчез Амор, преку соопштение лиферувано од ОБСЕ.

Тој смета дека меѓународната заедница би требало секој ден да работи на обезбедување целосна имплементација на фундаменталните слободи, од кои многу се рутински напуштени.

– Видовме, на пример, праксата како што е трговија со робови, дека се врати во нашите општества, што е нешто што никогаш не смееме да прифатиме да толерираме, истакна Санчез Амор.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот