Во рамки на истрага на Европол и со учество на Интерпол, запленети се 3.600 тони намирници.
Расипано месо, хемиски обоена туна, лажно млеко во прав и отровен јогурт се дел од производите што биле сервирани ширум светот, се наведува во соопштенито на Европол.
До сега од декември 2017. до март годинава, во 67 земји се запленети повеќе од 3.620 тони и 9,7 милиони литри фалсифицирани и нестандардни јадења и пијалоци, што е резултат на повеќе од 41.000 проверки спроведени во продавниците, на аеродромите или фабриките. Вредноста на робата се проценува на 55 милиони евра.
„Резултатите од акцијата покажуваат што се може да биде направено, за да се заштитат купувачите ширум светот со здружени сили“, изјави Јари Лику, шефот на Европскиот центар за тежок и организиран криминал на Европол. По четиримесечната истрага, упасени се 748 лица, а акциите продолжуваат.
Белгија ја затвори својата главна фабрика за преработка на месо, а супермаркетите ги повлекоа месните производи по скандалот. При контролата, биле пронајдени делови од месен отпад и парчиња кои се користат за исхрана на животни, се наведува во соопштението.
Во Шпанија упасени се четири лица, а затворена е фабрика која пакувала флаширано млеко за бебиња, наменето за пазарот во Кина. Одземени се осум тони млеко кои немаат никакви хранливи вредности што се неопходни за животот на бебињата.
Рибата била посебно истражувана во 11 земји, при што било заклучено дека таа била хемиски третирана со боја, со цел наместо како конзервирана, да биде продавана како свежа.