Обновувањето на Непал по земјотресот ќе чини пет милијарди долари

Од:

Обновувањето на областите во Непал, кои во саботата беа погодени од катастрофален земјотрес, според првичните проценки ги требало да чини повеќе од пет милијарди долари.

Главниот економиста за азиско-пацифичкиот регион на американската консултантска компанија ИХС, Раџив Бисвас изјави дека Непал има многу ограничени можности од своите ресурси да ги финансира спасувачките акции и обновувањето на земјата.

– Вкупните долгорочни трошоци за обновување во Непал можат да надминат пет милијарди долари, што е околу 20 отсто од бруто домашниот производ на земјата, истакна Бисвас.

Непал денеска побара од меѓународната заедница помош во храна, лекови, шатори, ќебиња, а укажа и на недостаток од хеликоптери за спасување на луѓето, но и од експертски тимови за соочување во вакви кризи.

Јапонија ќе обезбеди милијарда јени (6,7 милиони долари) помош за настраданите во земјотресот.

Потресот со јачина од 7,9 степени по Рихтеровата скала во саботата го погоди Непал. Бројот на загинати достигна 3.729 луѓе, а повредени се 6.944, соопшти непалското Министерство за внатрешни работи. Земјотресот беше почуствуван и во северните држави на Индија, каде загинаа 60 и повредени се 250 лица, а исто беше регистриран и во Бангладеш и Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on