Обновени летовите на аеродромот Ејлат

Од:

Аеодромот во израелското пристаниште Ејлат ги обнови летовите откако денеска накратко беше затворен од безбедносни причини, соопшти израелската армија, без да наведе повеќе детали.

– Аеродромот е отворен по новиот извештај за ситацијата, изјави изјави портпаролката на армијата.

Аеродромот Ејлат, кој се наоѓа во близина на Синајскиот Полуостров денеска ги стопира сите летови беше затворен поради безбедносни причини.

Аеродромот ги опслужува туристите кои го посетуваат израелското летувалиште Ејлат на Црвено Море. Затворањето беше поради стравувањето од активирање на исламистичките екстремисти во соседен Синај.

Израелските власти минатиот месец соопштија дека е засилена ракетната одбрана на јужната граница со цел да се спречат непријателските напади.

Во јули ракета истрелана од Синај падна на израелска територија, а делови од неа беа откриени северно од Ејлат, кој граничи со Египет на запад и со Јордан на исток.

Насилствата во Синај се интензивираа по 3. јули откако египетската армија го собори претседателот Мохамед Морси, а нападите врз египетските сили речиси се секојдневни.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија