Обложувачите се подготвени да ризикуваат илјада фунти за името на бебето на војвотката од Кембриџ

Од:

Три недели откако беше соопштено дека војвотката од Кембриџ повторно е бремена, некои обложувачи веќе се подготвени да ризикуваат и по илјада фунти погодувајќи како ќе се вика бебето.

Најголемиот број личности блиски на кралското семејство убедени се дека станува збор за девојче, кое ќе го носи името на починатата мајка на принцот Вилијам, Дајана.

Ендрју Мортон, кој ја пишувал биографијата на принцезата од Велс и кој ја откри вистината за нејзниот однос со кралството семејство, рече дека ќерката би можела да се вика Елизабет Дајана Виндзор.

– Блиски пријатели на Вилијам и Кејт ми рекоа дека доколку добијат девојче ќе се вика Дајана, истакна Мортон.

Мортон додаде дека многу припадници на краското семејство би можеле да бидат бесни ако бебето го добие името Дајана Елизабет, поради „непријателството“ меѓу мајката на Вилијам и семејството.

После тврдењето на Мортон, Елизабета стана фаворит во обложувалниците, а следат имињата Џејмс, Викторија и Александра.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство