Објавено видео од терористичкиот напад во Лондон – „крв имаше насекаде“, велат очевидци

Од:

Очевидци на социјалните мрежи објавуваат видеа од нападот кој властите во Лондон го окарактеризаа како „терористички“, откако напаѓач избоде најмалку две лица во јужниот дел од градот, од кое за едно се тврди дека е во животна опасност.

На едно од објавените видеа на „Твитер“ се гледа како полицијата го ликвидира напаѓачот, за кој се тврди дека на себе имал прикачено некаков уред.

„Додека преминував улица видов човек со нож, полицијата го бркаше… Слушнав три истрели и го видовме напаѓачот како лежи на улицата“, велат очевидци за британските медиуми.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, во врска со денешниот извршен напад во британскиот главен град, изјави дека „нема да им се дозволи на терористите да не раздвојат и да го уништат нашиот начин на живот“, додавајќи дека е во постојан контакт со претставници на локалната власт. Тој изрази благодарност до полицијата за брзата реакција.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски