Објавени уште писма од принцот Чарлс

Од:

Иако неволно, британската Влада објави уште писма кои принцот Чарл ги разменувал со министрите, изразувајќи загриженост во врска со многу прашања од климатските промени до јавното здравје.

Новите 17 писма, кои 66 – годишниот престолонаследник ги испраќал или примал во периодот од 2007 и 2009 година откри дека најстариот син на кралицата Елизабета Втора, изразил особена загриженост во врска со голем број прашањата како што се евтини социјални станови, квалитетот на болничката исхрана и зачувување на историските објекти, како колибите кои на Антарктик биле изградени од славните британски истражувачи Роберт Скот и Ернет Шеклтон.

Владата во Лондон минатиот месец ги објави првите 27 писма наречени „мемоарите на црниот пајак“ заради нечиткиот ракопис на Чарлс, откако ја изгуби десет години долгата правна војна за забрана нивното објавување со образложение дека тоа би можело да ја доведе во прашање политичката неутралност на идниот крал.

Според британскиот непишан Устав, кралското семејство би требало да биде над политиката, принцип до кој кралицата Елизабета Втора се држеше во текот на 63 години владеење.

Критичарите го обвинуваат принцот дека се меша во политиката и врши притисок на министрите, додека тие кои го поддржуваат сметаат дека тој само укажува на прашањата, кои според него и на многумина обични Британци им се важни.

– Во сите овие случаи, принцот од Велс ги допре прашањата од општ интерес, обидувајќи се да пронајде практично решение, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.

Групата Република, која се залага за укинување на монархијата, бара да се покрене истрага против лобирањето на Чарлс, истакнувајќи дека доколку наследникот на тронот сака да се меша во политиката треба да се кандидира на изборите.

– Чарлс свесно се обидува да ја промени политиката на Владата, се истакнува во пораката која оваа организација ја објави на Твитер.

– Гласачите имаат право да знаат кога и какво влијание има тој, заклучи Република.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство