Објавени снимки на Плутон со многу висока резолуција

Од:

Американската агенција за вселенски истражувања NASA во саботата објави нова серија многу детални снимки на џуџестата планета Плутон со многу висока резолуција, нудејќи има на научниците досега непознати податоци коишто ги собра сондата New Horizon.

„Ова се нови снимки коишто ни нудат поподробни детали за геолошкиот систем на Плутон. Снимки со толку висока резолуција ја прикажуваат разновидноста на теренот на планетата. Она што можеме да го сториме со помош на тие снимки од научен аспект, е едноставно неверојатно“, вели за AFP Ален Стерн, водечкиот научник на споменатата истражувачка мисија.

Преку апаратурата со којашто е опремена сондата New Horizon јасно се гледаат планините, кратерите и измазнетите ледени полиња, додава Џон Грансфелд, шеф на научниот оддел на NASA.

Сондата му се приближи на Плутон најблиску, на 12.500 километри, и собра голем број снимки и други податоци, меѓутоа поради големата оддалеченост од Земјата и скромното преносен удар на New Horizon, испраќањето оди бавно и повремено откако научниците на NASA ќе ги добијат и обработат, ги објавуваат на ресурсот на агенцијата.

Вселенската сонда New Horizon беше лансирана во 2006 година, најблиску мина крај Плутон на 14-ти јули 2015 година, а пет месеци подоцна го продолжува свето патешествие подлабоко во космосот. Сега се наоѓа 167 километри од џуџестата планета и околу 5,2 милијарди километри од Земјата.

Плутон е откриен во 1930 година. Меѓународното астрономско здружение во 2006 година Плутон, поради неговите мали димензии, од планета го префрли во категоријата џуџести планети.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска