Руските и украинските сили известуваат за интензивни борби долж границата на источниот украински регион Доњецк и јужниот дел на Запорожје, додека војската на Киев се обидува да ги пробие линиите на фронтот и да ја врати територијата.
Најновите извештаи за битките дојдоа од официјални претставници и воени блогери поддржани од Москва кои детално ги опишаа судирите јужно од градот Велика Новосилка, покрај двете страни на реката Мокри Јали, каде што украинските сили постигнаа придобивки во последните денови. Украина во саботата зазеде неколку мали села покрај реката, а во неделата заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар изјави дека украинските сили во областа напреднале меѓу 5 и 10 километри.
NEW: #Ukrainian forces continued #counteroffensive operations in at least three directions and made gains on June 14. #Russian forces conducted missile and drone strikes across #Ukraine on June 14.
Additional updates in tonight's campaign assessment: https://t.co/xFuFxUMKdV pic.twitter.com/IQ4FwFht7X
— ISW (@TheStudyofWar) June 15, 2023
Руските сили се обидуваат да го одбијат украинскиот пробив со контранапади, според неофицијалниот руски канал на Телеграм Operatsiya Z. Каналот објави дека украинските сили се обидуваат да заземат повисоко место со цел да „создадат услови за напредок“ и оценија дека нивната цел е да напредува кон центарот окупиран од Русија Старомлинивка.
Олександр Сирски, командант на копнените сили на Украина, рече дека украинските трупи продолжиле со „одбранбената операција во правец на Бахмут“. „Нашите војници напредуваат, непријателот ја губи земјата на страничните делови“, рече Сирски.
Украинските власти тврдат и дека украинските сили напреднале во правец на пристанишниот град Бердјанск.
– Областа преземена под контрола е три квадратни километри, изјави портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Ковалов.
Тешки битки има и за Макаривка.
Руските воени блогери тврдат дека украинските напори јужно од Орихив, на друг дел од јужниот фронт, наишле на отпор, а неколкумина рекоа дека Украинците изгубиле значителен број тенкови за деминирање.
„Непријателот прави се за да ги задржи позициите што ги зазеде“, рече Малиар.
Воениот аналитичар Конрад Музика рече дека контраофанзивата „одеше доста добро на почетокот“, но тој се загрижи дека по речиси една недела „напредокот се чини дека е запрен“.
„Импулсот што го имаа во првите неколку дена во основа го нема сега и не знаеме зошто“, рече тој.
Но, други аналитичари веруваат дека е премногу рано да се суди за успехот или неуспехот на контраофанзивата, со оглед на тоа што досега се распоредени само три од новите 12 јуришни бригади. „Украина има избор“, рече Бен Бери, виш соработник за копнена војна во Меѓународниот институт за стратешки студии.
„Не може да постигне стратешко изненадување, но ќе се потруди да постигне оперативно и тактичко изненадување. Тоа ќе вклучува прикривање, камуфлажа, измама и дезинформација, што тие доста успешно ги искористија минатата есен“, додаде тој.
Вчера Украина пријави напредување од неколку стотици метри во Бахмут и регионот Запорожје. Борбите продолжуваат и јужно од Велика Новосилка, според воените блогери цитирани од Институтот за проучување на војната. Извештаите се во согласност со претходната анализа на експертот за одбрана Мајкл Кларк, кој за Sky News изјави дека има три главни фокусни точки на контраофанзивата:
Орихив
Северно и јужно од Бахмут
Велика Новосилка, кај Вуледар