Објавени нови сателитски фотографии, драстично зголемени гробиштата во Мариупол

Од:

Најновите сателитски снимки покажуваат зголемен број гробници на главните гробишта во Мариупол, украински град тешко погоден од војната меѓу Русија и Украина. Пристанишниот град е под руска окупација од мај, а претходно трпеше постојано бомбардирање од московските сили.

Maxar Technologies објави нови сателитски фотографии на кои се прикажани гробиштата Старокримск на 29 март, а потоа и на 30 ноември. Разликата е очигледна.

Други снимки покажуваат дека десетици високи станбени згради уништени или сериозно оштетени за време на опсадата на Мариупол сега се уриваат. Во близина на неколку трговски центри се забележани големи залихи на градежен материјал. Сепак, илјадници домови, станови, згради и инфраструктура сè уште се во лоша состојба.

На снимката се гледаат и градежни работи, како и новоизградениот руски воен комплекс во северниот центар на градот. На врвот на покривот може да се види слоганот на руската армија, како и нацртана ѕвезда.

Околу театарот во Мариупол е поставена заштитна ограда. Театарот, беше местото на руски воздушен напад во кој загинаа украински цивили кои се криеја внатре.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО